Каталог

Сок од простата

Сок од простата

300 ден.

Шесто издание на романот „Сок од простата“ на Јован Павловски, кој во 1991 год. првпат се појави во македонските книжарски витрини, предизвикувајќи за тогашните наши издавачки прилики вонредно интересирање, како со својата социјално-политичка содржина, така и со неконвенционалност во третирањето на одосите меѓу жената и мажот. Во прозата, постапката на Јован Павловски ја одредува животниот податок и документот. Романот „Сок од простата“ го привлече вниманието како литература од типот на Хенри Милер и Буковски, во која еротското се преплетува со социјалното и политичкото.

More info →
Речник на антонимите во македонскиот јазик

Речник на антонимите во македонскиот јазик

550 ден.

Кога теоријата ќе треба да се спроведе во практика, особено при лексикографска работа, доаѓа најтешкиот дел од задачата. Како да се решат разни поединечни случаи? До која мера ќе се оди со противположеност на значењето? И многу други тешки прашања. Тоа е навистина компликувана задача, која авторот Емил Ниами успешно ја решил во овој речник на повеќе од 200 страници со опфатени околу 450 (446) антонимски парови подредени по азбучен редослед. Во предговорот авторот ја објаснува методологијата на изработката и ги дава изворите од кои е ексцерпирана лексичката граѓа, а тоа се околу 200 дела на македонски автори, публицистика, блогови, телевизиски емисии итн.

More info →
Лексикологија на македонскиот јазик

Лексикологија на македонскиот јазик

450 ден.

Симона Груевска Маџоска е авторката на првата книга посветена на лексикологијата на македонскиот јазик. Со ова издание, авторката и Книгоиздателството Ми-Ан ја пополнуваат долгогодишната празнина во македонската лингвистика. Книгата е наменета за стручната јавност, но таа ќе биде корисна и нужна и за сите оние кои се интересираат за македонскиот јазик и лингвистиката воопшто.

More info →
Речник на паронимите во македонскиот јазик

Речник на паронимите во македонскиот јазик

500 ден.

Паронимите се формално слични зборови во пишувањето и во изговорот, но со различно значење. Токму затоа, во македонската јазична практика многу често се јавуваат грешки во нивната употреба. Затоа, Книгоиздателството Ми-Ан е гордо што може да каже дека го објавува првиот Речник на паронимите во македонскиот јазик. Во Речникот се обработени пароними кои се зборови со општа употреба, како и термини од повеќе научни области: алгебра, анатомија, архитектура, банкарство, биологија, географија, граматика, економија, лингвистика, логика, медицина, музика, политика и др. Паронимите се подредени по азбучен ред, со објаснување на значењето на секој збор и со примери за нивна употреба во одделни фрази или реченици.

More info →
(И)стории од долапот

(И)стории од долапот

350 ден.

Изданието „(И)стории од долапот: избор од македонската народна еротика“ е уште едно навраќање на темата за еротиката во македонскиот фолклор, за која сум пишувала во повеќе прилики досега. Важно е уште на почетокот да се каже дека тоа директно се надоврзува и во извесна мера претставува дополнета и проширена варијанта на книгата „Голиот на гости (Антологија на маке-донскиот еротски фолклор)“ (Ми-Ан, Скопје, 2007)

More info →
Сонцестој

Сонцестој

300 ден.

Сонцето како појдовна, но и централна тема во оваа книга е всушност инструмент со кој се мери течението на времето. Дуалната природа на сонцето и спрегата на спротивставени енергии што во себе ги носи се две страни на една паричка, денот и ноќта, зората и залезот, животот и смртта, црното и белото, јин и јанг итн. Веднаш може да се насети сензибилитетот на нејзината поезија, лирична, нежна, медитативна, во исконски склад со природата, длабока, искрена и свежа.

More info →
Математичка поезија

Математичка поезија

300 ден.

Функциите на живеачката, креативно ставени во тригонометријата на постоењето, продуцираат мисловност низ динамичен стих кој е експлозивно згуснат. Песните се отворени и достапни, разбирливи и приемчиви, но има и запрепастувачки песни-минијатури кои шокираат со грандиозноста на мислата, а кои значенски едначат со суштинско-сврзувачките симболи во кодификацијата на математичкиот јазик.

More info →
Écriture féminine и романот

Écriture féminine и романот

300 ден.

Во Écriture féminine и романот: Прилог кон феминистичката теорија на жанрот, дадена е нова перспектива во книжевно-теориското истражување на женското писмо и романот како книжевен жанр. Целта на книгата е да се разгледа пристапот на жените до романот. Тука за првпат се изделени модели на женско писмо во роман како посебни феминистички модели на текст. Темата се однесува на женското творештво. До XVIII век женското творештво е покриено со плаштот на вековната тишина. Во XIX и XX век можеме да говориме за појавата на првите романи на писателките. Во романот како жанр со слободни контури, писателките можат најлесно и најдобро да се изразат себе си и да ја прикажат стварноста. Зошто постои женското писмо? Женското писмо постои затоа што постои женската субјективност. Женскиот субјект пишува преку телото.

More info →
Компјутерска поезија

Компјутерска поезија

250 ден.

Во книгата, авторот ги зема добро познатите симболички, митски, фолклорни елементи, стварите од секојдневието, малите парчиња од културата и културното наследство и ги преработува, си поигрува со нив, често ги разложува на значенско ниво, за да ги организира во сопствениот поетски дискурс, добивајќи притоа сосема нови ставови, светогледи, па и нови означители и означувачи. И уште: овој пристап не секогаш е веднаш препознатлив и директен. На тој начин, Ковилоски ги маскира/трансформира нормите, што неговата поезија ја прави динамична, понекогаш цинична, но секогаш читлива и провокативна. Од перформативноста на поезијата до слемот е само еден чекор.

More info →
Драми

Драми

350 ден.

Она што ќе го најдете во сите драми на Стевановиќ е нејзината преокупација со родот. Маја директно, сурово ги поставува прашањата за позицијата на жената во културата, култура не како збир на уметности и мправила на добро однесување, туку во смисла на определбата на Хол, како севкупност на сите традиции, верувања, ставови на една група. Интересно е што тоа зборување за жената кај Стевановиќ се менува од драма во драма. Осумдесет и деветтата, во На трите вечери, таа брутално, речиси натуралистички брутално (барем на почетокот на пиесата) ќе не соочи со ставовите во кои жената е едноставно и само сексуален објект

More info →
Златниот коњ. Руски народни сказни

Златниот коњ. Руски народни сказни

300 ден.

Во зборникот се вклучени следниве руски народни приказни: Василиса Прекрасна. Репка, Баба рога, Принцот Иван, жар-птицата и сивиот волк, Разбојници, Јовче-будалчето, Гуски-лебеди, Златниот коњ, Морскиот цар и Василиса Премудра, Елена Премудра, Златниот прстен, Оди таму – не знам каде, донеси го – не знам што и Маша и мечокот.

More info →
Гонџа од Скопје – светица на сиромашните

Гонџа од Скопје – светица на сиромашните

400 ден.

Авторката Јасмина Миронски: „Гонџа Агнеса (Агнес) Бојаџиу од Скопје го посвети својот живот на работата по калливите предградија на Индија и светот, грижејќи се и дарувајќи им љубов на најсиромашните од сиромашните, најзаборавените од заборавените, на најосамените од осамените, и стана Светицата Тереза од Калкута. За необичната скопјанка и за нејзината младост во родниот град многу малку беше напишано за време на нејзиниот живот, што ми беше поттик да започнам со ова истражување, во 90-тите години од минатиот век. Веднаш се соочив со фактот дека не само што недоволно се знае за нејзината младост, туку речиси сите документи за нејзиното семејство биле уништени за време на војните, на поделбите, преселбите, поплавите, како и во катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје (1963). Истовремено, достапните податоците што останале се често непрецизни, контрадикторни и нецелосни. Во времето на моето детство таа беше синоним за нешто добро и хумано иако сосема непознато. Нејзиното име го среќававме од мали, но за нејзината работа и за нејзиниот личен живот не знаевме многу. Повеќегодишните истражувањата во Скопје, а потоа и во Калкута, Индија, за време на престојот на нејзиниот погреб, ми овозможија да приложам една посеопфатна слика и за неа, и за нејзината необична животна определба втемелена во Индија и проширена низ светот.“

More info →