Град
Пет години по објавувањето на неговата поетска книга „Светлината на Света Гора“ (2015), за која ја доби нашата највисока поетска награда „Браќа Миладиновци“, Џепароски го менува топосот на своите поетски интереси посветувајќи ја книгата „Град“ на градот во кој го минал целиот свој живот – на градот Скопје. На епистемолошки план книгата ја следи траекторијата од времето на римско „Scupi”, преку скопскиот земјотрес од 1963 година, што авторот како петгодишно дете и самиот го доживеал, па сè до денешни дни, додека на формален план таа содржи елементи и на епската поезија – епската широчина, одмерениот ритам, повторувањето, но и на лирската поезија – интимната, социјалната и интелектуалната лирика.
More info →Меланхолија / Melankoli
Насловната синтагма на новата поетска збирка на Ерол Туфан „Меланхолија“ директно ја посочува авторската интенција да суге-рира состојба на длабока тага. Читателот како со самиот наслов да е предупреден во стиховите што следат да не бара светли нијанси, вед-рина, радосни расположенија... И, се чини, токму тоа го привлекува читателот, зашто секој од нас, понекогаш, чувствува длабока потреба да го сподели меланхоличното расположение, понекогаш и да ја по-вика и да влезе во дијалог со неа. За секој од нас, меланхолијата е нешто друго, секој тоа чувство го доживува поинаку, различно. Ба-рајќи соодветен начин да се опише меланхолијата со која се сретнуваме во стиховите на Ерол Туфан можеби најсоодветно би било да речеме дека тој се доближува до сфаќањата на неоплатонистот Марсилио Фичино, на почетокот на ренесансата. Од него, имено, потек-нува ставот, широко раширен во тоа време, а чии одгласи уште ги чувствувавме, дека меланхолијата е неодминлив, па дури и задолжи-телен атрибут на секој кој има интелектуални или уметнички претензии.
More info →Ќе се завијам во песни
Откривајќи ја сопствената душа, поезијата на Стојчевска ќе ве натера да ѕирнете во сопствената душа, да се сетите на сопствените блиски, без оглед дали се тие тука со вас или некаде далеку, во некоја друга димензија.
More info →
Ми-Ан Ако не сакате да читате, не сте ја нашле вистинската книга.


