Сонцестој

Сонцестој

Исклучителен поетски ракопис со уникатен наслов

Сонцето како појдовна, но и централна тема во оваа книга е всушност инструмент со кој се мери течението на времето. Дуалната природа на сонцето и спрегата на спротивставени енергии што во себе ги носи се две страни на една паричка, денот и ноќта, зората и залезот, животот и смртта, црното и белото, јин и јанг итн. Веднаш може да се насети сензибилитетот на нејзината поезија, лирична, нежна, медитативна, во исконски склад со природата, длабока, искрена и свежа.

About the Book

Ако првата книга на Катерина Гогова „Актите се кастрирани“ е олицетворение на огнот, а втората книга „Пад во немирна вода“ олицетворение на водата, тогаш „Сонцестој“ е воздух, небо на кое сонцето изгрева и заоѓа. Нејзините стихови се во склад со природата, промената на годишните времиња и природните елементи.
Кога ќе го погледнете насловот и поднасловите ќе добиете впечаток дека во двата дела се работи за две потполно различни емоции, но напротив, при читањето може да насетиме дека темнината преовладува низ целата книга. Ако внимателно се погледне насловот на вториот дел сосем прецизно тоа и го навестува, дека е копнеж по полноќно сонце, за најдолгиот ден. Во својата песна „При¬видна далечина“ ќе напише: /Далеку сум од сè/ што може да се нарече светлина,/ во овие пресушени дланки/ мирува спокојот/ со кој светот го врти/ последниот круг околу сонцето./, додека пак во песната „Одболувај“ ќе не соочи со стиховите /Крв, гној и пот,/ во нова верба се колне небото,/ ти, близнак на месецот,/ посестра на сонцето,/ носиш едно чудо светлост/ помеѓу зората и самракот./. Ова може да се протолкува како продолжение на оној вековен копнеж на Рацин со кој растевме и живееме, изнедрен во стиховите /Се к‘ти ноќта црна!/ се рути карпа – мрак!/ и петли в село пејат/ и зората се зори – / над карпа в крв се мие/ и темнината пие/ Силно/ светнал/ ден!/. Копнежот за тој ден што силно ќе светне интуитивно го чувствуваме и сега, еден век подоцна.
Темнината и меланхолијата која преовладува во книгата може да се поврзе и со периодот во кој песните се пишувани. Оваа 2020 година ќе биде запаметена како година на пандемија. Тоа може да се почувствува во следните стихови /Оваа тажна година,/ без топлина, без заборав,/ мирно патува кон вечноста./ Моите стихови, пророци,/ на вистината наследници,/ ги чекам пак/ да ми дојдат/ штом зазори./ (Зора), но и во не помалку интензивните стихови /Времето безнадежно по мене паѓа,/ се раѓа ново тело/ и утробата на светот/ со леснотија воздивнува./ (Меланхолија).

Details
Author: Катерина Гогова
Series: Стих
Genre: Поезија
Tags: Катерина Гогова, Ми-Ан
Publisher: Ми-Ан
Publication Year: 2021
Format: A5
ISBN: 9789989191688
List Price: 300 ден.
Гогова со оваа книга докажува дека веќе е зрел, изграден и препознатлив поетски глас. Континуитетот на нејзиниот поетски израз доживува градација и се развива во нагорна линија на квалитет и мајсторлук на поетскиот занает, што го прави читањето на нејзините книги вистинско поетско уживање.
Катерина Гогова

Катерина Гогова е родена 1989 година во Дојран. Пишува поезија и кратка проза. Нејзината дебитантска поетска збирка во издание на „Современост“ од 2018 го¬ди¬на носи наслов „Актите се кастрирани“. „Пад во не¬мирна вода“ е нејзината втора поетска книга и со неа ста-нува де¬сет¬тиот носител на признанието „Бели мугри“ за 2018 година кое го доделува Дом на културата “Кочо Ра¬цин“ во Скопје.
Со избор поезија е застапена во антологиската збирка „Мет¬рички карван“ (ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“-Гев¬ге¬лија, 2017, 2018, 2019, 2020), нејзина поезија е објавена и во зборникот „Креативни точки“ (МИ-АН, 2018), во мо¬но¬графијата „Астални проекции (Бегемот, 2018)“, во гра¬фичката арт панорама „Допир“ (ЗЛУКР Арт Еквилибриум, 2019), и во други фестивалски изданија.
Нејзина поезија и кратка проза е објавена во „Совре¬меност - спи-сание за литература, култура и уметност“, во списанието „Раст“, во списанието „Современи дијалози“, во списанието „Зенит“, во списа-нието „Книжевни елемен¬ти“ и во други пишувани и онлајн едито-ријали.
Дел од нејзината поезија е преведена на српски, хрватски, слове-нечки, бугарски, албански, италијански, германски и англиски. Српс-ки превод од нејзина поезија и кратка проза е објавен во 41-то изда-ние на зборникот „Рукописи“-Панчево (Дом на млади Панчево, 2018), со поезија во препев на словенечки е објавена во „Непар“, двојази-чен антологиски избор на свежа македонска литература (Македонско културно друштво Македонија-Љубљана, 2019), со поезија во албански препев е застапена во фестивалската антологиската збирка „Денови на Наим“ (2019) и со препев на германски во австриското списание „Литература и критика“ (2020).
Работи препеви поезија од српски, хрватски и англиски на маке-донски јазик.
Живее и работи во Скопје. Активист е за човекови, здравствени и сексуални права на маргинализирани заедници.