(И)стории од долапот

(И)стории од долапот

Ars erotica на македонски начин

Изданието „(И)стории од долапот: избор од македонската народна еротика“ е уште едно навраќање на темата за еротиката во македонскиот фолклор, за која сум пишувала во повеќе прилики досега. Важно е уште на почетокот да се каже дека тоа директно се надоврзува и во извесна мера претставува дополнета и проширена варијанта на книгата „Голиот на гости (Антологија на маке-донскиот еротски фолклор)“ (Ми-Ан, Скопје, 2007)

За книгата

На крајот на оваа анализа, останува уште да се каже и дека при составувањето на оваа антологија, како и на претходната, при изборот на материјалите се водев од неколку принципи, и тоа од историскиот, што го прикажува постоењето на еротскиот фолклор од дамнешни времиња кога не секогаш бил дел од официјалната народна култура, па сѐ до некои посовремени форми, а уште повеќе од жанровиот принцип што го докажува присуство на еротски форми во сите жанрови на македонското народно творештво, почнувајќи од приказните и анегдотите, преку поезијата, па сѐ до не-кои од кусите фолклорни жанрови. Во секоја жанровска категорија умотворбите се подредени по азбучен ред. Тие се преземени од по-веќе извори и собирачи, од различни временски позиции и од по-веќе краеви во Македонија, од Прилеп, Охрид и Кочани, па сѐ до Струмица и Злетово.

Детали
Автор: Ана Мартиноска
Едиција: (С)мисла
Жанр: Зборник
Тагови: Ана Мартиноска, Ми-Ан, Препорачани книги
Издавач:: Ми-Ан
Година на издавање:: 2020
Формат: A5
ISBN: 9789989191572
Цена:: 350 ден.
Еротскиот фолклор е претставен дијахрониски – од ритуалните форми до современите изрази. Сето ова е сериозна, опсежна и полезна антологија на македонскиот еротски фолклор, која ја отвора можноста за понатамошно истражување на оваа проблематика. Книгата пополнува неколку празнини во македонската фолклористика. Тоа е опширен избор на најразлични фолклорни жанрови: песни, приказни, гатанки, баења, обреди итн. обединети околу една тематска оска – еротиката.
– проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева
Ана Мартиноска

Ана Мартиноска (Скопје, 1972) е професорка и научничка во областа на фолклорот, литературата и културата, колумнистка на родови и културолошки теми, феминистка. Дипломирала, магистрирала и докторирала на Филолошкиот факултет на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Од 1996 год. д-р Мартиноска е вработена во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на работното место научна советничка/редовна професорка. Во моментов е Претседателка е на Научниот совет на Институтот за македонска литература во втор мандат. Предава на постдипломските и докторските културолошки студии во книжевноста при матичната институција. Учествувала со самостојни прилози во бројни национални и меѓународни научно-истражувачки проекти, како и на голем број научни конференции и симпозиуми. Реализирала повеќе научни и стручни престои, од кои се издвојува докторскиот престој на Универзитетот во Оксфорд, Велика Британија во 2004.
Ко-уредник е на Зборниците: „Популарна култура-Поглед одозола/Popular Culture: Reading from Below“ (2016) и „Културата на распродажба: Консумеризмот и комерцијализацијата на културните продукти“ (2019) заедно со Маја Јакимовска-Тошиќ. Има објавено и стотина самостојни научни трудови во стручната и научна периодична литература во земјата и во странство, како и над двесте колумни на културолошки и родови теми.
Мартиноска била главна и одговорна уредничка на Институтското списание за литературна наука „Спектар“ (2013-14). Била членка на редакцијата на електронското списание „Блесок“ (2012-18).
Членка е на Друштвото на писатели на Македонија, Здружението за компаративна книжевност на Македонија и на Меѓународната асоцијација за компаративна литература.