Драми

Драми

Во книгата се застапени драмите „На трите вечери“, „Смртта на Питија“, и „Децата на Лилит“.

Она што ќе го најдете во сите драми на Стевановиќ е нејзината преокупација со родот. Маја директно, сурово ги поставува прашањата за позицијата на жената во културата, култура не како збир на уметности и мправила на добро однесување, туку во смисла на определбата на Хол, како севкупност на сите традиции, верувања, ставови на една група. Интересно е што тоа зборување за жената кај Стевановиќ се менува од драма во драма. Осумдесет и деветтата, во На трите вечери, таа брутално, речиси натуралистички брутално (барем на почетокот на пиесата) ќе не соочи со ставовите во кои жената е едноставно и само сексуален објект

About the Book

Текстовите одбрани во оваа книга на драмската авторка, драматург и професорка на ФДУ во Скопје Маја Стевановиќ не само што се провокативнии и длабоко ангажирани. Тие се и исклучително театрални, напишани од личност која точно ги знае правилата на пишување. Кога на тоа ќе се додаде непобитната креативност и талентираност, како и енергичноста на авторката, се добива интересно, динамично и штиво кое на универзални начини е поврзано со денешницата.

Details
Author: Маја Стевановиќ
Series: Драма
Genre: Драма
Tags: Маја Стевановиќ, Ми-Ан
Publisher: Ми-Ан
Publication Year: 2020
Format: A5
ISBN: 9789989191626
List Price: 350 ден.
И сега дами и господа, ако мислите дека Маја Стевановиќ преку пиесава ќе се жали и ќе плаче врз тоа какви се мажите безобразни а жените пасивни, се лажете. Ако мислите дека Маја ќе се задржи само на претставување на она што ја провоцира и мачи - пак се лажете. Полека, неустено, Марија се трансформира од субјект во објект кој знае да врати. Таа станува доминанта која раководи и која во себе ја концентрира моќта. Моќта на митот
– проф. д-р Мишел Павловски
Маја Стевановиќ

Маја Стевановиќ е родена во 1969 во Скопје. Во 1991 дипломирала на одделот Драматургија-режија, насока Драматургија на Факултетот за драмски уметности – Скопје. Во 2011 се стекнува со звањето Магистар по филозофски науки, насока Естетика на Институтот за филозофија при Филозофскот факултет - Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 2003 работи како асистент на ФДУ-Скопје, на предметите Драматургија и Филмско и ТВ сценарио, од 2016 е редовен професор по Драматургија, а од 2019 година е и раководител на катедрата по Театарска и филмска драматургија. Од 1992 до 2003 работела како драматург, уредник на емисии и уредник на Редакцијата за играна програма на МТВ. Драматург е на бројни играни телевизиски филмови и серии.
Автор на сценаријата „Кралицата на пеперутките“ (среднометражен филм) и „Салон Хармони“ (ТВ серија од десет епизоди); на драмските текстови „На трите вечери“, „Смртта на Питија“, „Децата на Лилит“, „Сликата на Софија“, и „Систем ерор“. Драматург на редица театарски престави.