Математичка поезија

Математичка поезија

Награда „Ацо Шопов“ на ДПМ за најдобра книга поезија во 2020 година

Функциите на живеачката, креативно ставени во тригонометријата на постоењето, продуцираат мисловност низ динамичен стих кој е експлозивно згуснат. Песните се отворени и достапни, разбирливи и приемчиви, но има и запрепастувачки песни-минијатури кои шокираат со грандиозноста на мислата, а кои значенски едначат со суштинско-сврзувачките симболи во кодификацијата на математичкиот јазик.

За книгата

„Математичка поезија“ е дефинитивно нешто ново во македонската современа поезија. Поетесата Даниела Андоновска-Трајковска создала лирски јазик во јазикот на математиката. Со еден сосема оригинален манир на поетската анимација таа ни зборува за животот со сите свои парадокси. Нејзиниот израз е стегнат и поливалентен, бидејќи таа гради бескрајна приказна во стихот. Таа никогаш не ја покажува страната во која е содржано премолченото, страната со зборовите коишто ни лебдат над глава како облачиња над дробната црта или над куќата без гласни жици,  но затоа пак одеднаш ни кажува за сите нешта кои не сакаме да ни ги одземат.

Детали
Автор: Даниела Андоновска-Трајковска
Едиција: Стих
Жанр: Поезија
Тагови: Даниела Андоновска–Трајковска, Препорачани книги
Издавач:: ЦККС
Година на издавање:: 2020
Формат: А5
ISBN: 9786086572532
Цена:: 300 ден.
Даниела Андоновска–Трајковска ги повлекува рационалните и ирационалните вредности на Фибоначиевата низа во спектрумот на текстуални геометриски тела-песни за да го демистифицира човекот не само од аспект на антрополошки емпириски и логички позитивизам, туку и од аспект на еден прагматичен светоглед.
– Милица Димитријовска Радевска
Даниела Андоновска-Трајковска

Даниела Андоновска-Трајковска (1979, Битола) е поет, прозаист, уредник на списанија, книжевен критичар, промотор на книжевни дела, доктор на науки и редовен професор по методика од областа на јазикот и литературата на Педагошкиот факултет – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола. Акредитиран ментор е на докторски студии со објавени над 100 научни трудови во референтни меѓународни публикации, учесник во значајни меѓународни образовни и научни проекти и национален обучувач за наставници. Член е на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) и на Битолскиот книжевен круг (БКК), на Македонското научно друштво (МНД) – Битола каде е претседател на Уредувачкиот совет и на повеќе меѓународни професионални тела. Главен уредник е на списанието „Раст“ (БКК), уредник е и на списанијата „Современи дијалози“ (МНД) и „Книжевни елементи“. Ги има објавено следниве поетски книги: „Збор за зборот“ (со Златко Жоглев и Гордана Стојаноска, 2014), „Поема за маргините“ (со Гордана Стојаноска, 2015), „Црна точка“ (2017), „Стапалки“ (2017), „Три“ (2019), „Куќа на контрасти“ (2019), „Електронска крв“ (2019), збирката раскази „Кафе, чај и црвено небо“ (2019), две меѓународни публикации за водачи во образованието (2013) и еден универзитетски учебник „Критичка писменост“ (2019). Преведена е на повеќе светски јазици и добитник на неколку книжевни награди (Носиде, Италија (2011), Празник на липите (2018), „Крсте Чачански“ за проза (2019) и Караманов (2019)).